Здружение на професионални физиотерапевти на Македонија
PDF Печати Е-пошта
varazdin1
 
PDF Печати Е-пошта

Кои сме ние

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

Повеќе...
 
Соработка PDF Печати Е-пошта
Напишано од Главен уредник   
Сабота, 16 Јули 2011 13:09

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија соработува со здруженијата како од земјата така и странство.

Тие се наши партнери со кои заеднички ги усогласуваме и развиваме нашите идеи и размислувањата во врска со физиотерапијата. Хрватскиот збор на физиотерапевтите, Здружението на физиотерапевтите на Србија, Здружението на физиотерапевтите на Република Српска, како и Здружението на физиотерапевтите на федерацијата на Босна и Херцеговина се пријатели на Здружение.
Невладиниот сектор и институциите кои имат допирни точки со физиотерапијата се исто така важен елемент за соработка и реализација на проекти од заеднички интерес. Здружението на лица со Хемофилија-ХЕМОЛОГ, Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Скопје како и Мобилноста предизвик (Mobility Challenge) се субјекти од посебен интерес.

Неопходноста од ваквиот однос на соработка ја одредува и успешноста на самото постоење.

Последно освежено на Четврток, 08 Декември 2011 13:27
 
PDF Печати Е-пошта

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите. Физиотерапевтот работи според етичките и стручните начела на здравствениот работник во склад со етичкиот кодекс на физиотерапевтите.

Темелно образование се физиотерапевтските стручни студии на Високата школа за физиотерапевти. Физиотерапевтот стекнува знаења на полето на физиотерапијата и рехабилитацијата, и врз основа на физиотерапевтскиот преглед и проценка го дефинира проблемот и поставува физиотерапевтска дијагноза.

Со останатите членови на тимот тесно соработува и ја одржува комуникацијата со пациентот и неговите најблиски.