8ми Септември - Светски ден на Физиотерапевтите
Од името на Здружението и од наше лично име, Ви го честитаме Светскиот ден на Физиотерапевтите 8 септември!
Нашата работа, посветеностa кон струката и меѓусебната поврзаност се дел од нашиот професионален живот. Со нашето знаење и физиотерапевтските техники, на големо задоволство на пациентите, придонесуваме за висок квалитет на услуги. Долг е патот на нашата едукација. Но сразмерно со светските и Европските практики, нашите физиотерапевти почнуваат да се здобиваат со титули кои се на добар пат на усогласувањето да станат еквивалент со останатите факултети низ Европа и светот. Со отварање на поглавјето за едукација со Европската унија, физиотерапевтите заслужено ќе го добијат статус кој го заслужуваат; да бидат самостојни во работата, да имаат свои кабинети за работа, да бидат професори, предавачи и едукатори. Не смееме да заборавиме на физиотерапевтската проценка и физиотерапевтска дијагноза кои се важен дел во нашата работа.
Претседател на ЗПФТ - Татјана Крстеска