Курс по Mulligan техника (16-18.10 2020)
Со задоволство Ве информираме дека курсот по Mulligan техника ќе се одржи од 16-18 октомври 2020 год. во Скопје. Секој учесник на курсот добива детална скрипта што е предвидена за курсот А, т.е. мобилизација на горен дел на телото, вклучувајќи ја и торакалната регија. Секој што ќе го заврши курсот добива светски признат сертификат кој се заведува во централата на Mulligan.
7 април 2020 година, Светскиот ден на здравјето
Здравјето е едно од основните човекови права и од најголема важност. Напорите кои ги прават физиотерапевтите е да се изгради и поголема свест за здравјето, бидејќи тоа претставува приоритет за нормален и квалитетен живот. Здружението на Професионални Физиотерапевти на Р.Македонија континуирано работи на едукација на физиотерапевтите кои со останатите здравствени работници придонесуваат за подобра здравствена заштита на нашите граѓани. Што би рекол Цицерон, Здравјето е најголемото богатство!
Цервикогена главоболка - Еволуција и третман - ВЕБ СЕМИНАР - 30.12.2020, 17:00
Опис
• Дефинирање на цервикогена главоболка
• Идентификување на систем на класификација на главоболки
• Одбирање и извршување на дијагностички техники за клиничка проценка за да се идентификува присуството на цервикогено потекло на главоболката
• Демонстрација на техники на лекување засновани на наоди од испитување за оние кои имаат цервикогени главоболки
Предавач:
Sakis Adamidis - PT, PhD, MCTA, IPNFA, IBITA. Вебинарот ќе го води познатиот Светски инструктор за PNF, Mulligan& Bobath, Сакис Адамидис од Грција
8ми септември - Светски ден на физиотерапевти
Чест и задоволство ми е во името на Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија, на сите колеги и колешки, да им го честитам Светскиот ден на Физиотерапевти и посакам многу здравје и успех во професионалната работата!
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
Ги молиме сите наши колеги физиотерапевти во ова лошо време да останат смирени и фокусирани на личната заштита, заштита кон пациентите како и своите најблиски.
Нашата гранка (како и поголем дел на гранки во медицината) е изложена на близок и постојан контакт со пациенти. Физиотерапевтите се во континуиран контакт со болните, не еден ден, туку со недели и месеци. Многу луѓе и не знаат со какви се пациенти работиме и кои се ризици постојат во рехабилитација. Обичниот граѓанин од многу причини, тоа не може ниту да го види, а и нема потреба.
Во оваа вонредна состојба бидете на висина на задачата, и бидете во личен ФОКУС за случувањата околу вас.
Најголем проблем е граѓанската неодговорност и несериозност, посебно меѓу здравствените работници кои треба да бидат на првата линија на заштита. Сведоци сме на неприфатливи пропусти на сите нивои на здравствена заштита. И затоа апелираме до сите физиотерапевти, својата сериозност и својата професионалност да ги стават во служба на работата.
More Articles...
- Едукација EmmTech 22.02.2020
- МАРАТОН, SKOPJE RUN 10K, 7 Октомври 2018
- НЕВРО РЕХАБИЛИТАЦИЈА 5 - 7 октомври 2018
- Курс за MULLIGAN концепт
- Известување
- Работилница за Бобат техника - “Невролошки развоен третман“ (26.10.2017)
- Прв Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Српска
- Осми број на списанието „Физиотерапија македоника“ Рехабилитација на ретки заболувања