Цервикогена главоболка - Еволуција и третман - ВЕБ СЕМИНАР - 30.12.2020, 17:00
ЦЕРВИКОГЕНА ГЛАВОБОЛКА
Cervicogenic Headache
ЕВОЛУЦИЈА И ТРЕТМАН
ВЕБ СЕМИНАР - 30.12.2020, 17 часот
Опис
• Дефинирање на цервикогена главоболка
• Идентификување на систем на класификација на главоболки
• Одбирање и извршување на дијагностички техники за клиничка проценка за да се идентификува присуството на цервикогено потекло на главоболката
• Демонстрација на техники на лекување засновани на наоди од испитување за оние кои имаат цервикогени главоболки
Опис на веб-семинар
Повеќето луѓе пријавуваат главоболка во одреден момент од нивниот живот.Иако постојат многу видови на главоболка, цервикогената главоболка лесно се третира во физикалната терапија. Моментално постои доказ што ги опишува овие состојби и се нудат потенцијални опции за третман.Овој курс ќе ја опише и дефинира цервикогената главоболка, клинички релевантната пато-физиологија и анатомија, како и тековните пристапи за дијагноза.Конечно, ќе се разгледа широк спектар на можни интервенции во третманот што ќе вклучува и вежбање и мануелна терапија.По завршувањето на овој вебинар, учесникот ќе ги разбере основните механизми на цервикогената главоболка, соодветните дијагностички техники, како и повеќе опции за третман.
Цели
- Да се разбере класификацијата и менаџирањето на главоболката во однос на мануелната терапија;
- Да се развие биомедицинска основа заснована на докази кон преглед, проценка и физички третман на нарушувања на невромускулно-скелетната болка во горниот цервикален ‘рбет;
- Да се разберат механизмите за презентација на дисфункција кај пациентите;
- Да се развие способност за проценка и диференцијално дијагностицирање на нарушувања на невромускулно-скелетната болка во горниот цервикален ‘рбет;
- Да се развие способност да се препишат и применат соодветни физикални третмани, вклучително мануелна терапија и вежби.
Учесници
На работилницата можат да партиципираат физиотерапевти, лекари, студенти по физиотерапија и сродни гранки од медицината. Котизација изнесува 15 евра по учесник.
Се уплатува во Здружението на Професионални физиотерапевти на Македонија или пак на жиро сметка на Здружението.
Предавач:
Sakis Adamidis - PT, PhD, MCTA, IPNFA, IBITA.
Вебинарот ќе го води познатиот Светски инструктор за PNF, Mulligan& Bobath, Сакис Адамидис од Грција.
Информации
Сите дополнителни информации можете да ги добиете преку нашиот емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.