Print

Правилник на Етички комитет

Written by Главен уредник.

 

ПРАВИЛНИК НА ЕТИЧКИ КОМИТЕТ

на професионални физиотерапевти на Република Македонија

 

Член 1

Етички комитет

 

Етичкиот комитет го сочинуваат 5 членови кои ги бира Собранието

Членовите неможат да бидат во претседателството или било кој друг орган на Здружението

Мандатот на Етичкиот комитет е 2 (две) години

Етичкиот комитет уште на првиот состанок си избира претседател и донесува правилник за својата работа

Ако за време на мандатот членот од Етичкиот комитет поради оправдани причини ја напушти функцијата, до наредното Собрание Етичкиот комитет има право да коптира нов член.

 

Член 2

Ингеренции на Етичкиот комитет

  • по барање на помош на член на Здружението Етичкиот комитет е должен да го заштити во рамките на своите должности
  • да ги разгледува барањата и донесува одлуки ако некој од членовите погреши во однос на угледот и честа на Здружението
  • Етичкиот комитет донесува полниважечки одлуки во состав од најмалку 3 (три) члена
  • своите одлуки ги базира врз основа на свое реално согледување и испитување на работите
  • на одлука на Етичкиот комитет жалба се поднесува до Собрание на Здружението

 

Член 3

Дисциплинска одговорност

Членовите на ЗПФТ можат да сносат дисциплинска одоговорност ако:

  • не го почитуваат Статутот и органите на Здружението
  • не го почитуваат Етичкиот кодекс
  • се однесуваат спротивно од инетересите на Здружението и ги загрозуваат интересите на физиотерапевтскиот профил.

 

Член 4

Дисциплински мерки

  1. писмена опомена
  2. привремено исклучување од 1 година
  3. трајно исклучување

Дисциплинска мерка ја донесува Етичкиот комитет, а мерка за трајно исклучување ја донесува Собранието.

На членот на кој му е изречена дисциплинска мерка, може да се жали до Собранието на Здружението.

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.