Print

ТРЕТ КОНГРЕС Хотел Панорамика, Скопје, Македонија 22-24 септември 2023

 

 English    |     Latinica  |    Shqip

 

   

Здружението на професионални физиотерапевти на Република Македонија го организира Третиот Конгрес со меѓународно учество.

 


ТРЕТ КОНГРЕС – „Физиотерапија, денес - утре“


 

  ПРОГРАМА      Упатство за авторите       ПРИЈАВА 

 

 

Почитувани колеги и колешки

Задоволство ни е да Ве поканиме на нашиот Трет Конгрес нa Здружение на Професионални Физиотерапевти на Македонија, со меѓународно учество, кој ќе се одржи во нашиот главен град Скопје, од 22-24 септември 2023 година. Се надеваме дека и овој Конгрес како и претходните ќе биде исполнет со новини од доменот на Физиотерапијата и Рехабилитацијата. На овој Конгрес би сакале да ги согледаме предизвиците на модерното време и заеднички да извлечеме некои заклучоци.

Модерниот стил на животот, и промените кои се случија на глобално ниво ни донесе нови состојби, кои во минатото не беа дел од нашата работа. Сето тоа не условува да се прилагодиме на новиот начин на работа, пристапот и перцепцијата. На Конгресот ќе бидат присутни професионални физиотерапевти како од земјата така и иностранство.

Теми на Конгресот

1. Дигитална рехабилитација 2. Неврорехабилитација

3. Енергетско лекување

4. Мануална рехабилитација

5. Физиотерапија во спорт

6. Слободни теми

 

Претседател

Татјана Крстеска

 

 Организациски одбор

1. Стефана Велјаноски, претседател

2. Елизабета Цоневска

3. Лидија Тренчевска

4. Христијан Стојкоски

5. Дијана Оркиќ-Шивачев

 

Научен одбор

1. м-р Горан Саневски, претседател

2. д-р Тине Ковачиќ (Сло)

3. м-р Мирјана Златковиќ

4. м-р Дарко Димовски

 

Инфoрмации

Инфо

На нашата веб страна можете да ги превземете дополнителните информации во врска со Конгресот (www.zpft.org), или преку нашиот фејсбук профил “profesionalni fizioterapevti“.

Mесто на одржување на конгресот и сместување

Хотелот Панорамика се наоѓа на падините на планината Водно во најубавиот дел на градот Скопје и нуди прекрасен поглед на градот. Убавината на планината Водно се претопува со урбаната панорама, и добрата поврзаност со централниот дел на градот. Резервација на телефон: +389 70 353 056 (Viber, WhatsAp) / +389 2 609 2222, или преку е-маил/ This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; Website: https://hotel-panoramika.com

Цена на котизација

• Цената на котизацијата до 01.08.2023, изнесува 70€ (со ДДВ). После овој датум, котизацијата ќе изнесува 85€.

• Котизација за посета на еден ден на Конгресот, изнесува 35 евра.

• Котизација за студенти по физиотерапија за сите денови, изнесува 25 евра.

• Во котизацијата е вклучено: конгресен материјал, ID картичка и сертификат.

 

Можност за плаќање преку нашата денарска или девизна жиро сметка:

Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија-ЗПФТ.

- Денарска жиро сметка: 300000002997336. Банка депозитор: Комерцијална Банка АД Скопје (за Македонија)

- Девизна жиро сметка: S.W.I.F.T. KOBSMK2X. Iban: MK07300701002686382 (за останати земји)

 

НАПОМЕНА: Сите банкарски провизии и надомести се на терет на плаќачот!

 

Дополнителни информации

Сите прашања и одговори ќе можете да ги добиете преку нашата е-мeил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.