Соработка
Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија соработува со здруженијата како од земјата така и странство.
Тие се наши партнери со кои заеднички ги усогласуваме и развиваме нашите идеи и размислувањата во врска со физиотерапијата. Хрватскиот збор на физиотерапевтите, Здружението на физиотерапевтите на Србија, Здружението на физиотерапевтите на Република Српска, како и Здружението на физиотерапевтите на федерацијата на Босна и Херцеговина се пријатели на Здружение.
Невладиниот сектор и институциите кои имат допирни точки со физиотерапијата се исто така важен елемент за соработка и реализација на проекти од заеднички интерес. Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја, Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Скопје, како и Мобилноста предизвик (Mobility Challenge) се субјекти од посебен интерес.
Неопходноста од ваквиот однос на соработка ја одредува и успешноста на самото постоење.