Print

3 КОНГРЕС НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ФИЗИОТЕРАПЕВТИ – 2023, СКОПЈЕ

 

 English    |      Makedonski  |   Shqip

  

ПРВО ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

 

ФИЗИОТЕРАПИЈА, денес-утре

Среќни сме да ве известиме дека Здружението на Професионални Физиотерапевти на Р.Македонија е домаќин на „3-от Конгрес на Професионални Физиотерапевти, со меѓународно учество, од 22-24 септември 2023 година во Скопје, Р.С.Македонија.

Главна тема е, ФИЗИОТЕРАПИЈА, денес-утре.

До каде сме во Физиотерапијата, кои терапевтски модалитети се актуални и какви иновативни пристапи се присутни во рехабилитацијата, се некои од прашањата на кои ќе побараме одговор.

Напредокот на дигиталната технологија, и новите терапевтски пристапи сѐ повеќе се присутни во лекувањето на пациентите.

Ве повикуваме со вашето присуство да земете активно учество на нашиот Конгрес и заедно да ги согледаме предизвиците на модернот време.

Наскоро со повеќе информации.

 

Претседател

Татјана Крстеска

 

 

 

 

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.